
Секој си ја прифаќа мајка си само како негова мајка, без да се размислува каква улога таа има надвор во околината. Очигледно истото важи и за оние кои имаат познати мајки.
Овие ѕвезди споделија како тоа било да израснат во центарот на вниманието и пред да станат познати, а она што имаат да кажат, може да ве изненади.
Зое Кравиц
Зое е ќерка на актерката Лиза Боне и пејачот Лени Кравиц. Во 2017 година таа раскажува дека “навистина не е кул” да ја споредуваат со нејзините родители.
“Кога татко ти и мајка ти се толку интересни, но ти не си … Мислам дека можеби оттука доаѓа оваа идеја дека навистина не сум кул. А таа стана дел од мене “, вели таа.

Кејт Хадсон
Таа во едно интервју вели дека нејзината мајка – Голди Хоун, изјавила дека нема да ја поддржи финансиски, ако одлучи да биде актерка.
Кејт зборува и за потребата да се разликува од мајка си, додавајќи дека Голди никогаш не и ги припишала на ќерка си своите очекувања.

Ева Амур Мартино
Иако Ева е израсната како ќерката на актерката Сузан Сарандон, таа вели дека нејзиното детство било нормално и прекрасно.
“Имавме многу искуства, можевме да патуваме и јас сум многу благодарна за тоа”, вели таа. “На крајот на краиштата ние пораснавме како сите други деца со подеми и падови кои ги има секое семејство. Моите родители беа едноставно родители”.