Додека повеќето од нас ќе имаат среќа да се радуваат на одмор оваа година, за следните тинејџери животот е бесконечен одмор.
Богатите деца на Хонг Конг е новото место во Instagram, на кое децата на супер богатите можат да го покажат своето наследство. Како што е својствено за овој тип профили, фотографиите објавени на него, се од егзотични туристички дестинации, пишува Daily Mail.
Богатите млади претпочитаат да користат приватни авиони и супер јахти за транспорт, со кој стигнуваат до супер засолнишнта, хотели со пет звезди во сите делови на светот.
Да споделите слики од вечера е вообичаена форма на докажување на Instagram, но многу од нас немаат можност да ги покажуваат исклучителни јадења подготвени од приватен готвач.
Богатите наследници се докажуваат така што оваа високо квалитетна храна треба да биде искомбинирана, со шише шампањ. Од сликите се гледа дека овие тинејџери по се изгледа имаат континуирана испорака од оваа течност.


