(ФОТО) Го претставија идниот Марсовски скафандер

од desk3
86 прегледи

Холандската компанија “Марс Ванг”, која подготвува испраќање на луѓе на Марс со билет во еден правец по 10 години, го претстави својот проект за Марс скафандер, пренесе Франс прес.

mars
Вселенскиот костум би требало да им овозможи на првите патувачи да преживеат во екстремни услови на Црвената планета. Тој треба да ги користи максимално Марсовските ресурси и му претстои дополнителна доработка, за да одолее на сеприсутниот црвен прав.

Скафандерот треба да биде потраен од сите развиени досега, мислејќи на “единственоста на проектот” за населувањето на Марс. Костимот предвидува вклучување на заменливи компоненти кои штитат од радијација.
Идните доселеници ќе земат со себе и тродимензионални принтери, така што ќе можат да изработат на место некои резервни делови за скафандрите.

Околу 200 илјади луѓе од 140 земји се запишаа за учество во проектот на “Марс Ванг”. Од нив 24 среќници ќе бидат избрани, за да одат на Марс во 2026 година во шест групи по четири лица, потсетуваат агенциите.