(ФОТО) Хорор во Лондон! Чудни гробишта “изникнаа” во центарот на градот

од desk3
100 прегледи

На денот на самитот на ОН во Њујорк со главен фокус бегалската криза, британски активисти создадоа симболочен споменик, кој има за цел да ја потсети меѓународната заедница за несреќата на мигрантите. Волонтери наредија “гробишта” од спасувачки елеци на бегалци пред зградата на парламентот во Лондон утринава.

1474290341-54703-660-370

Вкупниот број на положени на тревата елеци е 2500, а 625 од нив биле користени од деца.

1474290341-5074378
Во периодот јануари 2015 – август 2016 година околу 6940 лица се удавиле или исчезнале, додека се обидувале да стигнат до брегот на Европа.

Изложените елеци се користеле од бегалци што се обиделе да стигнат од брегот на Турција до грчкиот остров Хиос.