ФОТО: Јакимовски му се заканувал и на Митко Јанчев

од Aleksandar Todeski
777 прегледи

Вработениот во Централниот регистар, Емил Јакимовски, кој се заканувал на новинарката Мери Јордановска испраќал закани и до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Јанчев во знак на солидарност со Јордановска преку колумнистот Ненад Јовановиќ вулгарните закани од Јакимовски ги испратил до порталот Фронтлајн, од каде ги објавуваат во целост. Поради недоличниот и вулгарен јазик кој заканувачот го употребувал кон Јанчев, Локално ги објавува заканите до градоначалникот, но со цензура на вулгарностите.

Инаку Емил Јакимовски, член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен новинар и моментално вработен во Централниот регистар се заканувал и на вработени во регистарот. Директорката на ЦР, Марија Бошковска Јанкоски денеска истакна дека тие имаат поведено постапка против него, но не може да биде отпочната бидејќи Јакимовски со месеци е на боледување.

Реакција стигна и од неговата матична партија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде се дистанцираат од Јакимовски и обвинуваат дека тој бил близок со функционер на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ поседува конкретни докази за честа комуникација и контакт на лицето Емил Јакимовски со висок функционер на партијата СДСМ од неговиот роден град Крива Паланка. Оттука треба да се утврди дали зад таквото однесување на Јакимовски не стои координирана акција и уцена од овој висок функционер на СДСМ. Што се однесува до самото однесување на Јакимовски најстро ги осудуваме и се оградуваме од неговите ставови. Воедно ги повикуваме и охрабруваме институциите да постапат согласно со законските прописи“, велат од опозициската партија.

Слични содржини