Последните денови сме сведоци на алармантни вести поврзани со нуклеарната централа “Фукушима” во Окума, Јапонија. И, она што таму се случува таму?
“Радијацијата во Фукушима достигна рекордни нивоа”, читаме во насловите од последната недела.
Guardian пишува дека нивоата на радијација ја достигнаа својата највисока точка, откако централата претрпе тројна несреќа пред речиси шест години. Japan Times зборува за вжарени зрачења и индикации, пишува IFLScience.

Сето ова произлегува од една порака на TEPCO (Tokyo Electric Power Co), компанијата која управува со централата и раководи со процесот на прочистување.
Пред неколку дена од компанијата открија дека е измерно големо ниво на радијација кај реактор 2 на Фукушима – еден од трите реактора кои претрпеа пад – и тоа 530 сиверта на час.
За да се стави ова во контекст, претходниот врв, пресретнат околу реакторот по несреќата во март 2011 година е 73 сиверта. Изложување на 4 сиверта е доволно да убие човек.
Несреќата во Фукушима беше предизвикана по земјотрес со јачина од 9,0 степени кој се случи крај североисточното крајбрежје на Јапонија и предизвика цунами на 11 март 2011 година. Повеќе од 18.500 лица загинаа, а резервното напојување во Фукушима беше уништено, што предизвика пад на шест реактори. Околу 160.000 лица се евакуирани, со речиси никаква веројатност дека некогаш ќе можат да се вратат.
Сепак нивото на радијација во Фукушима не се зголемуваат драстично, како што некои извештаи сугерираат. TEPCO едноставно откриле област со повисоки референци на зрачење, за која не се сомневале порано. За таа цел тие користеле телескопска рака со должина 10, 5 метри, која ќе ја истражува областа внатре во реакторот 2, позната како “пиедестал”.
Камера додадена на оваа рака, открива нешто што личи на решетка, стопена од горивото на еден од реакторите. Сликите покажуваат дека има дупка со димензии метар на метар, која се смета дека произлегува од стопените горивни шипки од садот под притисок одозгора.
Ако тоа се потврди, тоа ќе биде првото стопено гориво, кое отворено тече од реакторот – важен чекор во прикажувањето од работењето на централата.
Нуклеарното гориво влезе во контакт со воздух и се е разтопи под влијание на земјотресот во март 2011 година, забележува TEPCO во соопштението до медиумите.
“Како резултат од анализата на инцидентот, беше откриено дека дел од стопеното нуклеарно гориво може да паднало [дословно] внатре во пиедесталот.”
И иако во внатрешноста на седиштето се откриени овие високи нивоа на радијација, нивоата околу неа се продолжении. Ова укажува дека никаква радијација не излегува од Фукушима во животната средина.
“Има многу луѓе кои се шетаат низ Јапонија со монитори зрачења, и ќе беше многу лесно да се види дали има зголемување на радијацијата која истекува од централата – вели проф. Гери Томас, радијационен експерт од лондонскиот Импириал колеџот.
Пресметувањето на радијацијата внатре, TEPCO стигнува до бројката 530 сиверта со дозволена грешка од плус-минус 30 отсто – иако дури пониска вредност од тоа е исклучително висока.
“Фактот дека исклучително висока вредност е измерена во област каде што порано не беше измерена е крајно возбудливо и важно” – вели д-р Бен Бритн, експерт за нуклеарно инженерство од истиот универзитет.
“Мерењата на нови места значат дека можеме да одредиме петна и да ја разбереме природата на радиоактивните материјали во комплексот на реакторот и да сме подобро информирани за соодветни стратегии за излез од експлоатација и чистење.”
Целта е да се повлече рута за робот кој компанијата планира да го испрати во реакторот. Со големина 70 сантиметри, робот наречен Шкорпија, ќе биде испратен во области кои се опасни за луѓето.
Но роботот е во состојба да издржи радијација до 1000 сиверта. Кај 530 сиверта на час, тој ќе биде уништен за два часа. Затоа последното откритие ги комплицира работите уште повеќе, а на последно место и големата дупка која зјае е нао патот на робот.
Зошто е толку важно?
За да можат да продолжат со постапката за отстранување од работа на Фукушима, инженерите мора прво да го откријат стопеното гориво. Постојат три реактори, за кои ова треба да се направи, како процес се претпоставува да продолжи дури до 2021 година.
Откако горивото ќе биде најдено, се очекува да трае најмалку четири децении да се направи местото безопасно за функционирање. Целокупната вредност на проектот се очекува да достигне вртоглав износ од 188 милијарди долари, што е двојно во однос на пресметаната во 2013 година.
Во последните неколку дена има и други вести околу Фукушима, бидејќи 42-годишен маж кој работел како заварувач во седиштето поведе тужба против TEPCO, бидејќи е заболување од леукемија, откако работел за компанијата. Според BBC News, тој е првиот човек кој работните власти го признаваат дека страда од нарушување поврзано со работата по чистењето на централата. ”
И така, нивото на радијација не се зголемуват, но сликата е доволно мрачна. А последните податоци само покажуваат колку долг пат има напред.