Витката и раскошна американска убавица Кејт Аптон е трет пат на насловната на престижниот каталог за костими за капење Sports Illustrated 2017-та.
Кејт била на насловните страници на весникот во 2012-та и 2013-та година. Овој пат 24-годишната русокоса може да се пофали со три различни визии и корици, која од која посекси.
Мис Аптон сè уште не ја стигнала рекордерката со најмногу корици на Sports Illustrated – Ел Макферсон која се појавила цели пет пати.
“Бев многу возбудена кога ме поканија пак да се фотографирам за SI”, изјавила Кејт за враќањето во весникот. “Особено кога оваа година темата на списанието е дека секоја жена, на секоја возраст и со секој тип тело треба да биде прифатена. Беше инспиративно за мене “, додава таа.
Другата голема убавица, која е фотографирана во весникот, е сопругата на безбол играчот Дерек Џетер – Хана Дејвис. Таа откри пред неколку дена дека е бремена со девојче и дека направила сесија за Sports Illustrated еден ден откако дознала дека ќе станува мајка за прв пат.
Видете ги сликите на другите убавици кои се фотографирани во новиот број на Sports Illustrated во нашата галерија!