
Ќерката на познатиот чеченски нафтен магнат не треба да има сомневање дека свадбата ќе изобилува со раскош и луксуз. 20-годишната Елин Бажаева неодамна се омажила за четири години постариот бизнисмен Бек Алија Мамакаев, со кој е во врска од почетокот на годината. Тие ја организирале прослава за повеќе од стотина гости во хотел во “Монте Карло”, а невестата носела фустан кој е дело на познатиот дизајнер Зухаир Мурад во вредност од неверојатни 280 000 евра.

Според чеченската традиција свадбата ја плаќа само младоженецот и на неа има само гости од неговото семејство, па водејќи се по неа, на свадбата не присуствувале родителите на невестата и ниту еден член на нејзината фамилија, поради што невестата била многу тажна.
Чеченската традиција исто забранува на свадби младоженецот и невестата да седнат заедно.
