(ФОТО) Кралицата Елизабета и принцот Филип се сретнаа со синот на Хари и Меган

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Откако принцот Хари и Меган го покажаа својот син на јавноста, застанувајќи со него пред медиумите и одговарајќи на нивните прашања за тоа како изгледаат нивните први денови како родители, на ред дојде и кралицата Елизабета.

Всушност, војводите од Сасекс и споделија со пресот дека се на пат да ја сретнат кралицата.

Интересно беше што кажаа дека принцот Филип веќе го запознал малиот Арчи, бидејќи се нашол во ходникот кога тие доаѓале кон закажаното снимање.

Како поминало запознавањето можеме да видиме од официјалната фотографија која ја сподели Кенсингтонската палата, на која се гледа дека двајцата, прабаба и прадедо, кралицата Елизабета и принцот Филип, се со искрени широки и топли насмевки. На истата фотографија можеме да ја видиме и мајката на Меган, Дорија.

Инаку, во истото соопштение за првпат го дознавме и името на малото кралско бебе. Mладите родители се одлучиле тој да го добие името Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор. Осмиот правнук на кралицата, нема да добие титула.