ФОТО: Кузмановска позаинтересирана за телефонот отколку за водење на Комисијата за буџетот за 2020 година

од Aleksandar Todeski
401 прегледи

Со неколку пати тропање по масата кога пратениците си се вмешуваат во збор со повисоки тонови, без почитување на времето кое говорниците го имаат за зборување и без заинтересираност од претседателката да воспостави целосен ред, во полупразна сала поминува Комисијата за финансирање и буџет, на чиј дневен ред е предлог буџетот за 2020 година.

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска, која е претседателка на Комисијата, секој говор го поминуваше играјќи игри и допишувајќи се на својот мобилен телефон, без да се заинтересира во кој правец се води комисијата.

Нејзината колешка Магдалена Манаскова времето за говор пред пратениците и министерката за финансии, Нина Ангеловска го премина и повеќе од минута, но Кузмановска не изреагира на тоа. Тајмерот не се пушташе кога пратениците си реплицираа, а репликите најчесто одеа во друга насока, за пензиите, „Скопје 2014“, па дури и за престојните избори и листата на кандидати за пратеници, наместо за предложениот буџет.

Процедурално реагираше и пратеникот од нејзината матична партија, Драган Цуклев, кој ја потсети дека таа треба да ја држи дебатата за буџетот, а не да остава пратениците да разовараат на сите теми освен за буџетот, на што таа одговори дека ја прифаќа критиката, како и дека кога еден пратеник ќе го прекрши деловникот и ќе ја однесе дебатата во други теми, тоа го прават сите, но сепак не направи нешто за да ја врати дебатата на темата за која треба да се дискутира.

 

А.Т.

Слични содржини