Едно од најголемите дела на белгискиот надреалист, уметникот Рене Магрит (1898-1967), “La Corde Sensibil” (Чувствителен акорд) на 28 февруари ќе биде понудено на продажба од страна на аукциската куќа “Кристи”.

“Ова е највпечатливата слика на Магрит понудени на аукција, уште од ‘Владеењето на светлината’ ((The dominion of Lights) од 2002 година”, вели Оливие Ками, заменик-директорот на “Кристи”.

Оваа слика беше продадена за речиси 12,7 милиони долари што тогаш бил рекорд за овој уметник.
Потоа, во 2014 година ривалската аукциска куќа “Сотби” ја продаде сликата на Магрит “Прекрасен свет” (Le Beau Monde) за 7,9 милиони фунти, што тогаш изнесуваше 12,9 милиони долари.