Ако сте се прашувале во што би било облечено кралското семејство на Велика Британија, доколку е покането на Божиќна џемпер забава, нема потреба повеќе да си замислувате.
Вчера, Мадам Тисо во Лондон ги преоблече Вилијам и Кејт со фамилијата, сите до еден во празнични џемпери во чест на сезоната. Според списанието Пипл, музејот добил дозвола да ги облече кралските членови за да се подигне свеста за кампањата “Спасете го детскиот ден на Божиќен џемпер“ на 16 декември. Кампањата ги охрабрува луѓето да ги носат своите омилени новогодишни плетени џемпери и да ги донираат на организацијата која, пак, им помага на децата да добијат “здрав почеток.“