Мадона се разголи за италијанското издание на списанието Vogue. 58-годишната кралица на поп музиката се осмели уште еднаш да ги покаже градите, овој пат пред модниот фотограф Стивен Клајн.
Провокативната пејачка објавила во сајт во Instagram слика од фотосесијата, на која ги покажува брадавиците под црна проѕирна свилена кошула.
Визијата се дополнува со импозантен дијамантски ѓердан. Објавената од Мадона слика е придружена од порака во спомен на Френк Созани – почината во декември. Таа беше главна уредничка на италијанското издание на Модната библија.
“Имав неверојатна среќа да работам над последниот број на списанието со неверојатната и инспиративна Френк Созани”, пишува пејачката.
Провокативната фотографија на Мадона се појавува неколку дена откако пејачката посвои девојчиња – близначки од Малави.

Ќерка ѝ на Мадона – Лурдес со посвоените близначки од Малави; Фото: Instagram