(ФОТО) Македонското знаме во Рио на половина копје

од desk3
250 прегледи

Македонската олимписка делегација која во моментов се наоѓа во Рио де Жанеиро на Летните Олимписки игри упати сочувство до семејствата на загинатите во временските непогоди кои го зафатија главниот град во изминатите два дена.

mok-vo-rio

„Македонскиот олимписки комитет и македонската олимписка делегација Рио 2016, упатува најискрено сочувство до семејствата на загинатите граѓани од силното невреме кое ја зафати Република Македонија. Македонското знаме во Олимпиското село е на половина копје. Македонскиот олимписки комитет упатува апел до сите граѓани да се јават на телефонскиот број 143400 и сите заедно да им помогнеме на настраданите од поплавата“ – објави МОК на својот Фејсбук профил.