Бегалка од Сирија денеска околу 13 часот се породила во гевгелиската болница. Жената родила здраво девојче, соопштуваат од гевгелиската болница.
Таа утрината добила болки, а во болницата дошла придружувана од сопругот и граничната полиција.
Таа и нејзиното семејство коишто бегаат од Сирија со намера да стигнат во Германија кај нивни роднини кои веќе добиле азил во моментот кога настапиле породолните болки се наоѓале во граничниот појас.


