Млада Американка освои илјадници обожаватели ширум светот, откако собори речиси 50 килограми за само 3 години. До пред три години Ребека Графтон се комплексирала од тежината и се измачувала од помислата дека никогаш нема да се ослободи од вишокот килограми.

“Сите знаеме дека работите кои се вкусни, често се полни со крем . Почнав да ги правам овие јадења, кои не беа здрави, и да ги јадам сама “, раскажува 25-годишната млада жена, која се занимава со продажба на осигурување.
Денес, три години подоцна, таа е само 64 килограми и е неодолива.
Пресвртница за неа настапува во јануари 2013-та, кога таа резервира патување до Јамајка за месец мај.
“Не сакав да ги разгледувам сликите од одморот и да мислам само колку дебело изгледам”, се сеќава таа, пишува магазинот People.
Младата жена почнува да користи специјална мобилна апликација со која ги детектира калориите што ги донесува. За да се мотивира, таа објави фотографии на напредокот на нејзиниот профил во Instagram, кој во моментов собрал над 65 000 следбеници.