(ФОТО) Моделот Криси Тајген позираше целосно гола на инстаграм

од desk2
122 прегледи

 

Таа неодамна го намали содржајот што го споделува на социјалните медуми, дури и го направи нејзиниот профил на твитер приватен, но тоа не ја запре 30 годишната манекенка да позира гола на инстаграм, како роденденска честитка за нејзин пријател.

3970a7ee00000578-0-image-a-72_1476652311617

Криси сподели слика на инстаграм, во која нејзиниот маж Џон Леџенд стратегиски го блокира нејзиното голо тело.

Оваа фотка доаѓа еден ден подоцна, откако таа изјави за списанието “Us Weekly” дека навистина се исплашила кога дознала за страшниот вооружен грабеж на нејзината блиска пријателка Ким Кардашијан во Париз.

396591f600000578-3842064-image-m-86_1476656409274

“Знаев дека нешто не е во ред, кога го видов видеото како Канје Вест истрчува од сцената. Тој не е тип што би го направил тоа. Се сеќавам дека срцето ми потона и кога ја слушнав целата приказна, навистина беше страшно. Тоа би можело да се случи на било кого. Кога ги слушнав деталите, со оглед на тоа што знам дека таа има бебиња дома и дека таа е толку слатка, отворена и искрена, не ни помислуваш дека такво нешто може да се случи” изјави Криси.

39714c6100000578-3842064-image-a-74_1476655348436

Грабежот ја натера Криси да размисли за тоа колку и што, таа споделува на социјалните мрежи, затоа што некој би можел да ги злоупотреби таквите информации.