Најмладата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, се мажи за милијардерот Мајкл Булос, пишува „Дејли мејл“.
Тифани има 29 години, а Трамп ја доби од бракот со Марла Мејплс.
Според споменатиот медиум, Мајкл пред да ја запознае Тифани живеел како вистински плејбој и бил редовен гостин на клубот „Spice Route“, познат по егзотичните настапи. Со пријателите често патувал низ Медитеранот со приватни летови, а често престојувал во Кан и на грчките острови, а омилен им бил островот Миконос. Се зборува и дека редовно бил канет на забави на луксузни јахти.
Таткото на Булос, Масад, е роден во Кфарака, на границата меѓу Либија и Сирија, но како дете дошол во САД со своето семејство. Како студент се оженил со ќерката на тајкунот Зухаир Фадул Сару. Неговата сопруга го запознала со семејниот бизнис, Fadoul Group, која работи во 13 африкански земји и се занимава со изградба, продажба и сервисирање на возила.
Освен семејството, на свадбата на ќерката на Трамп и милијардерот ќе присуствуваат уште 250 гости, а овој настан особено ја радува сегашната сопруга на Доналд, Меланија Трамп.
Имено, таа насмеана позираше со сопругот и неговата поранешна сопруга и мајка на невестата, Марла Мејплс.