За државниот празник 23 Октомври, наместо државното знаме, на градинката 8. март во Пржино, Скопје поставено е партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ, објави А1он.

Родителите на децата се револтирани зошто нивните деца, како што велат, ги трујат со партиски симболи.

Градинката е под општина Кисела Вода, но тоа што градоначалничката доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не оправдува вработените во градинката, објект за згрижување и воспитување на најмалите да развиорат знаме на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, пишува порталот.