Meри Николова, активист на Удар, на својот ФБ профил објави слики и текст за состојбата во затворот Идризово.

idrizovoVnatre

На сликите се гледаат страшните услови во затворот, па дури и кревети на три спрата, поради недостиг на место од напливот на затвореници кој се случува во последните години.

Еве што напиша Николова:

statusNikolova

Премиере, те поздравуваат затворениците од Идризово. Не е лошо и кај нив, каде се невино осудени од овој режим, Барок да направиш. Пуштија слики, барем нивните соби да ги видиш. Ти пренесуваат поздрав и те очекуваат да ги посетиш.

idrizovoVnatre1
Еве што ми напишаа затворениците:

Една од најубавите соби е во четвртото крило, инаку во другите, петтото крило на пример, немаат ниту бања ниту ВЦ, во една соба спијат по 32-ца. Нема разлика дали се политички затвореници, наркомани, болни од хепатит, оние кои се на метадон, хомосексуалци.

Во врска со храната, лебот со количка го носат најмалку 20 осуденици и го префрлаат во рака, еден по еден, цел километар, независно дали врне, дали е сонце го носат во зградата до казаните. Од кај што ни ја носат храната навечер спијат мачки и има глувци. Затоа осудениците се хранат од свој џеб.
idrizovoVnatre2

Посетите треба да ги чекаме по 3 саати надвор. И нашите фамилии се принудени под ведро небо и да се изживува со нив секој што е во униформа./А1Он

Слични содржини