По вчерашните врнежи на снег низ неколку населби во градот утрово беа забележани паднати дрвја.
На социјалните мрежи утринава граѓаните на главниот град споделуваат фотографии каде се забележани паднат дрва и гранки.
Градоначалникот Филип Темелковски апелира на внимателно движење и возење.
-Поради оваа неочекувана зимска атмосфера добив поголем број на пораки и фотографии од сограѓани. Воедно да Ве информирам и да апелирам за внимателно движење и возење:
– добивме повеќе дојави за скршени дрвја, има и оштетени возила и на места го попречуваат сообраќајот. Екипите се на терен и веќе ги отстранат, во меѓувреме ве молам за внимание.
– на повисоките делови службите истурија сол и ќе продолжат во текот на денот.
– паркирани возила на тротоарите го отежнуваат движењето на пешаците, особено во близина на училишта и градинки. Апелирам за совесност и да имаме предвид дека има и други учесници во сообраќајот кои ги користат тротоарите, напиша градоначалникот на Кисела Вода.
Во текот на вечрашниот ден паднато дрво предизвикало спој во трафостаница во скопската населба Железара. Екипи на ЕВН веднаш биле на терен за отстранување на дефектот, а повик бил примен и во Противпожарна бригада на Скопје, од каде испратиле возило, но немало потреба од интервенција.