Открија телефон на напаѓачот, а властите сеуште молчат дали станува збор за бомбаш-самоубиец

По експлозијата во градот Ансбах во јужна Германија, бил пронајден мобилен телефон, кој наводно припаѓа на загинатиот имигрант од Сирија, соопшти на прес-конференција во врска со инцидентот заменик-началникот на полицијата во Нирнберг Роман Фертинген, пренесува РИА Новости .Потсетуваме дека експлозија го потресе германскиот град Ансбах, кој се наоѓа во близина на Нирнберг, провинција Баварија. Тоа се случило   пред ресторан Eugens Weinstubе. Тој се наоѓа пред влезот на територијата на културниот центар Reitbahn, а во моментот на експлозијата таму  завршувал  концерт, кој се одржува во рамките на тридневниот музички фестивал. Во овој момент околу 2,5 илјади. лица се разотидувале  од местото.

1469418934-2016-07-25t030833z-1392827475-s1betrnomjab-rtrmadp-3-germany-blastjpg

Како резултат на експлозијата загина едно лице, а 14 други се повредени. Нема тешко повредени луѓе. Според полицијата загинатиот е напаѓачот, како сеуште не може да се тврди дека станува збор за бомбаш-самоубиец. Тој е 27-годишен имигрант од Сирија, на кој  му е одбиен азил пред две години. Сириецот бил познат на полицијата во врска со прекршоци и  два пати е примен во подрачната болница, заради обиди за самоубиство, соопшти министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман на прес-конференција, посветена на настанот. Херман го  посетил местото на експлозијата.

1469418935-2016-07-25t031852z-138631928-s1betrnpkeab-rtrmadp-3-germany-blastjpg

Над 200 полицајци и 350 спасувачи и пожарникари биле распоредени во Ансбах во врска со нападот, која носи белезите на терористички акт.Над градот летови извршувале хеликоптер,а  потрагата по евентуални соучесници на сторителот е укината.Над 2 илјади лица се евакуирани како  резултат на активности  на локалните власти , а  музички фестивал во градот е прекинат.

Властите соопштија дека во близина на местото на експлозијата е пронајден телефон кој најверојатно  му припаѓал на напаѓачот.

Слични содржини