(ФОТО) Профитот пред историјата: Се руши куќа стара 90 години во Охрид

од Nikola Popovski

Во Охрид ќе никне нова зграда, на местото на стара куќа, која што со децении е препознатлива во градот. Според фотографиите што можат да се видат, се руши куќа која е изградена во 1932 година.

Веќе е затворено местото каде што ќе се одвива рушењето, при што се поставени лимени плехови и мрежа.

Во дворот на куќата веќе има и табла со името на изведувачот на предвидениот станбен објект, како и достапни броеви за тие што сакаат да купат станови, кои што не се започнати со изградба.

На местото е предвидена е двокатна зграда плус приземје.

Слични содржини