
Прословените задни делови на Џенифер Лопез, за кои се зборува дека се осигурени за милиони долари, беа великодушно изложени пред очите на њујорчани. Наместо да и пречат секс- нападите на адреса на раскошниот задник, 47-годишната пејачка и актерка ооблече хеланки и мирно прошета низ улиците на Њујорк, пишува “Дејли Меил” .Родената во Бронкс ѕвезда беше откриена на пазар во Сохо заедно со мајка си Гуадалупе и помалата сестра Линда.

Облека и беше повеќе од тесна – спортски црна хеланкс, патики, кратка јакна. Косата и беше фатена во лесна пунџа, а шминката и беше повеќе од скромна.
Нејзината сестра Линда беше за една идеја повеќе елегантна со високи црни чевли и сини фармерки.

Годината беше исклучително работна за Џеј Ло, која требаше да живее извесно време во Лас Вегас поради обврски. Во исто време таа продолжува да се грижи за 8-годишните близнаци Макс и Ема, кои се од бракот со Марк Ентони.
Неодамна таа се раздели со 29-годишниот кореограф Каспер Смарт по 5-годишна врска.