Американската морнарица објави фотографии од кинескиот надзорен балон кој беше соборен во саботата откако неколку дена леташе над територијата на САД. Американски експерти детално ќе ги испитаат остатоците за да утврдат дали се работи за шпионски или цивилен балон, како што тврдат кинеските власти.
Командата на американската морнарица на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии на кои се гледа како големи парчиња балони се вовлекуваат во чамец.
Првите остатоци од кинески балон беа пронајдени еден ден откако беше соборен од американски воен авион над Атлантскиот Океан во саботата во близина на Миртл Бич, Јужна Каролина.
Според морнарицата, остатоците од балонот се расфрлани на површина од единаесет километри.
Американските власти соопштија дека балонот бил висок околу 60 метри, а долниот дел по големина е споредлив со помалите патнички авиони и тежел повеќе од илјада килограми.