По десет години, со концерт на групата „Фолтин“ за скопската публика се отвори реновираното кино „Култура“ на улица „Македонија“ во центарот на градот. „Кино Култура-Центар за современи изведувачки уметности и современа култура“ во следните пет години ќе добие нов концепт и ќе биде наменето за независната културна сцена.IMG_8302

По вчерашниот успешен и високопосетен концерт, вечерва ќе може да се погледне премиерата на претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски.IMG_8300

Претставата „Ајнштајновите соништа“ е по текст на Алан Лајтман, драматизацијата е на Русомир Богдановски и копродукција на Театарот на Навигаторот Цветко и Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

За утре е закажана репризата на оваа претстава, а на 25 декември ќе се прикаже претставата „Солун, град на духови“ по текст на Русомир Богдановски, а во режија, повторно, на Слободан Унковски.IMG_8305

Реотворањето на старото скопско кино е иницијатива на  „Театарот на навигаторот Цветко“ со режисерите Александар Поповски и Слободан Унковски, како и центарот за нови иницијативи „Локомотива“. Партнер на проектот е општината „Центар“.

Реновираниот простор има 180 мобилни седишта, а на горниот кат се подготвуваат сали за проби и канцеларии.

 

Слични содржини