ФОТО: Се урна хеликоптер на ФСБ, загинаа четири лица

од Stefanija Kuzmanovska
434 прегледи

Четири лица загинаа во падот на хеликоптер Ми-8 во регионот Чељабинск, потврди во вторникот портпаролот на руските воздухопловни служби.

„Во Ми-8 имаше четири лица, сите загинаа. Хеликоптерот извршуваше тренажен лет“, изјави портпаролот за ТАСС.

Падот бил проследен со пожар.

Според претходните извештаи, хеликоптерот, кој претходно ѝ припаѓал на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), се урнал во шума во близина на селото Прудни.

Во хеликоптерот имало само членови на екипажот.

Слични содржини