Селена Гомез беше за прв пат забележана на јавно место, по 5 недели. Убавицата направи серија слики со навивачи во Тексас, облечена сосема лежерно во црни фармерки, маица и бејзбол капа.

Ова е првата појава на бринетата по шпекулациите дека паднала во депресија и била однесена на клиника, пишува “RadarOnline”.
Во август, 24-годишната Гомез ги одложи своите концерти со објаснување дека сака да се фокусира на здравјето.
“Сакам да се фокусирам на среќата и здравјето и затоа мислам дека е најдобро да земам кратка пауза. Им благодарам на сите фанови за поддршката, знаете дека ве сакам и дека се трудам да ви го дадам најдоброто од себе. Знам дека не сум единствената и се надевам и другите имаат храброст да зборуваат отворено за нивните проблеми “, објасни тогаш Гомез.

Извори на RadarOnline открија дека набргу по нејзината изјава Селена е примена на клиника за рехабилитација, каде што не лекуваат проблеми од некаква зависност, туку депресија и панични напади.

Изгледа убавицата веќе се чувствува подобро, бидејќи од фотографиите на социјалните мрежи се гледа дека таа е подготвена да подели автограм и да се слика со обожавателите во Тексас, демонстрирајќи совршено здравје и расположение.
