(ФОТО) Српски воен експерт го штрекна Балканот: Ја имаме “Шумадија” – со ракетата ќе удриме по сите стратешки градови во регионот

од desk2
88 прегледи

“Ако некој е толку луд дека може да го даде воздушниот простор на трета страна која сака да ја нападне Србија, имаме ракета која може да достигне до сите стратешки градови во регионот”, коментира српскиот воен експерт Мирослав Лазански, цитиран од InSerbia.

Тој посочи дека на неодамнешниот саем на оружје саем во Абу Даби, Србија остварила своевидно враќање, станувајќи најголем производител на оружје во Југоисточна Европа. Српските воени фабрики нудат широк спектар на опрема на потенцијални клиенти кои се движат од пиштоли и униформи до оклопни возила и артилерија.

“Тоа значи дека српскиот воено-индустриски комплекс е повторно на нозе по 1999 година”, посочи Лазански. За време на саемот во Абу Даби најголем впечаток направила ракетата земја-земја “Шумадија” со дострел од 300 километри.
“Тоа е токму она што на Србија и е потребно за да гое спречи можното учество на свои соседи во агресијата против неа слично на 1999 година.

Со “Шумадија„ можеме да удри по големи градови на соседните земји”, смета Лазански. “Се надеваме дека таков конфликт никогаш нема да се повтори, но ако некој е толку луд дека да ќе го даде воздушниот простор на трета страна (како Бугарија во 1999 година), и сака да ја нападне Србија, имаме ракета која може да достигне до сите стратешки градови во регионот “, предупреди Лазански.

“Шумадија” може да носи фрагментационна или термобарична боева глава и се потребни само 12 минути за да биде истрелана. Лазански посочи дека единствената ракета слична на “Шумадија” е кинеската “ВС-2”.