(ФОТО) “Убави и свирепи”: Руските девојки низ очите на странците

од desk3
91 прегледи

1472719998-1

Сите странци знаат една голема вистина – во Русија жените се многу убави. И тоа навистина е така – можеби причина за сето ова е “големата преселба на народите”. Факт е дека словенските девојки можат да се пофалат со прекрасна генетика и прекрасна селекција што се однесува до дебелината и висината. Но да се најде пристап кон руските девојки не е толку лесно, пишува “Офигено”. Често може да се чуе фразата: “Тоа не е лажица за твојата уста!” Толку жесток карактер имаат некои од руските жени. Еве што раскажуваат странци кои преживеале “директен судир” со нив:

1472719998-2

“Тие се груби и зли. Одмаравме со пријателите и забележавме дека до нас стојат едни прилично симпатични девојки, но истовремено тие изгледаа така строго, што не фати страв да да направиме контакт. Не игнорираа ни целосно. Се прашував што да правиме и сепак се одлучив “, раскажува странец во блог за патувања.

“Си реков – ќе одам, ќе си ја пробам среќата, може пак да не е така лошо. Отидов до девојките со насмевка и едноставно ги поздравив. Сите се свртеа кон мене и со исклучително раздразне израз на лицата строго извикаа: “Тргни се!”

“Воопшто да се состанете со руска девојка само по себе е опасно, бидејќи тоа значи и да се запознаеш со нејзините роднини. Стигнеш ли до таму, не ти мрда прејадување – треба да пробаш од супата, месото, салатите со мајонез, компирите и палачинките . Сето ова треба да се јаде, инаку нема да те разберат “, раскажува уште патникот.

1472719999-3

“И дури да ти стане лошо, руските жени нема да се залагаат за тебе пред роднините, напротив. Ќе кажат да јадеш уште повеќе. Русите јадат до степен на целосно прејадување и неподвижност. Ако го искусите ова, следува втор круг – таткото на девојката ќе провери дали си “прилагоден”. За да се докажам, лично јас, требаше да испијам со таткото на мојата девојка шише вотка! “