(фото) Умреница за Тито: Десничарите во Хрватска ликуваат по промената на името на плоштадот во Загреб!

од desk3
193 прегледи
Тито го загуби својот плоштад во Загреб, и десничарите во Хрватска ликуваат. Златко Хасанбеговиќ како венчален поклон на својот пријател Велимир Бујанац му подари плоча со името на плоштадот, а на профилот кој се представува како профил на младинскиот задарски ХДЗ изникна “умреница”. 
На Инстаграм кој се представува како профил   на младинската задарска ХДЗ објавена е умреница на која пишува “Со големо задоволство им јавуваме на црвените, УДБА, петата колона и на комунистите дека другарот Маршал почина во градското собрание на градот Загреб”.

 

Пишува дека последен испраќај ќе нема, и дека меѓу ожалостените се “сите црвени”.
Како што пишува Индех, од младинскиот задарски ХДЗ рекле дека тоа не е нивен профил ниту пак дека тие тоа го објавиле.