479
Насипите од земја, гранките и шишињата кои се секојдневна глетка на граѓаните кога ќе погледнат во Вардар се чистат од реката, но овој пат со багер. Чистењето почна спроти хотелот „Стоун Бриџ“, а потоа багерот се премести помеѓу Камениот мост и местото каде што беше планирано да се гради панорамското тркало.
Акцијата доаѓа откако претходно активисти го чистеа Вардар, а од него извадија десетици гуми.
Фото: Борче Поповски