Русите се подготвуваат да ги нападнат продавниците, за да го купат новиот календар со Владимир Путин. Се очекува тој да биде најсаканиот подарок за Божиќ во Русија, пишува mirror.co.uk.Во календарот за 2017 година рускиот претседател станува мил со сентиментални слики и гушнал маче, прегрнал е дете, се качил на дрво или пали свеќа во црква.
Железната страна е претставена со фотографии кои го покажуваат во кабината на борбен авион, врз делтапланер, на комбајн, јава коњ и во друштво на генерали.
Под секоја слика Путин напишал коментар од видот на: “Русија е мирољубива и си е доволна. Не сакаме туѓи територии и ресурси. Но ако сме под закана, подготвени сме да користиме оружје, за да се гарантира безбедност. ”
Она што е интересно за ваквиот вид на пропаганда е што датира од предходниот систем. Кај нас, се сеќаваат повозрасните, претседателот Ј.Б.Тито беше претставен скоро во секоја училишна книга како работи нешто, а во секакви други изданија беше претставуван како силен и способен човек. За импресиите од тој систем оставаме самите да коментирате.