(ФОТО/ВИДЕО) Роботот Фјодор може да прави шпага и да земени сијалица

од desk3
82 прегледи

Рускиот робот-андроид Фјодор може да прави шпага и да замени сијалица во држачот раскажа неговиот конструктор Александар Пермјаков, цитиран од агенциите.

Покрај тоа, тој може да стои на една нога, а во исто време ја покренува вертикално другата. Оваа технолошка можност му помогнала да надмине некои пречки.

Фјодор поседува подвижни прсти кои се доволно вешти, за да може да зашрафи сијалица. Со нив тој може да стави клуч во бравата и да ја отклучи вратата, да вклучи светлото и да вози автомобил.

Роботот беше конструиран од руската компанија “Андронна техника” за технички задачи на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.

Првично тој беше познат под условно назив “Аватар”, но подоцна беше прекрстен во Фјодор. Освен во спасувачки операции паметната машина ќе се вклучи и во вселенската програма на земјата.

Во 2021 година роботот ќе биде единствениот патник на новиот вселенски брод “Федерација”.