(ФОТО/ВИДЕО) Taurus 2×2: Руско чудовиште на две тркала, за кое нема пречки

од desk3

Со големите 25 инчни тркала широки над 30 см и систем со две тркала, овој уникатен и руски земјоделски мотоцикл може да помине низ било кал и снег. Taurus 2×2 е лесен, едноставен мотоцикл со две тркала, кој се расклпува за минути и се вклопува во багажникот на автомобилот, ако имате доволно место за гумите.

Taurus не е убав или шармантен, воопшто. Но како чуден земјоделски мотоцикл има своја примена. Компанијата ќе биде среќна да стави мотор каков што ќе посакате, од препорачаната Honda GX210 до ултра лесниот мотор од моотрна пила, во зависност од тоа каква комбинација од можности во однос на тежината е потребна.

 

Ова е значајно, бидејќи дури и со моторот со 210 кубни См Taurus тежи само 82 килограми, а со помал мотор неговата тежина може да се намали до 60 кг, што го прави релативно лесен да ве пренесе низ сите пречки.
Притисокот во гумите треба да е низок, не повеќе от3 psi, бидејќи е наменет за исклучително груб и калливи терен и нема суспензија на тркалата.

Геометријата на цврстата предна вилушка го прави лесно спроведувањето на систем за погон на двете тркала, синџир го врти предното тркало, но на сајтот на Taurus нема никакви детали за тоа како овој систем го избира соодносот на моќноста кон предното и задното тркало. Менувачот е со две брзини, со што се постигнува максимална брзина од 35 км / ч.

Рамките за багаж напред и назад се погодни за превоз на товар, вклучувајќи и на друг Taurus по потреба. Поради малата тежина на моторот и гумите со толку многу воздух во нив, Taurus може да биде измиен со поминување во реката.

https://youtu.be/em-1oJp8j14

 

 

 

Кога треба да биде избран, моторот се расклопува за неколку минути на делови кои лесно може да бидат прибрани во средна класа автомобил или џип. Тркалата и предниот дел се откачуваат и моторот е подготвен да се смести во колата. Цената на Taurus е околу 75.000 рубљи или малку над $ 1.100.

Слични содржини