
Снимени над амазонската џунгла, овие неверојатни воздушни снимки покажуваат едно од малкуте останати племиња, кои сеуште немаат никаков контакт со остатокот од човештвото, пишува “Мирор”.
Живеат село во северна Бразил со околу 100 лица во провинцијата Јаномами. На фотографиите се гледаат неколку мажи и жени во дворот на голем простор, каде егзистираат повеќето семејства од селото.
Некои од нив гледаат кон небото, откако го дочуле звукот од дронот. Облечени се скудно, или немаат никакви облека.

Сликите беа направени поради стравувањата дека нивната заедница наскоро ќе биде уништена од нелегални трагачи по злато во регионот.
Луѓето од племето се “исклучително ранливи” кон болести од надворешните посетители – златото веќе донесоа маларија, кон која овие луѓе немаат развиен имунитет.

Областа е преплавена од повеќе од 5 000 илегални трагачи на злато. Дивите племиња во јаномами бројат околу 20 000 лица во Бразил и уште 15 000 во Венецуела.

Тие имаат околу 250 села во двете латиноамерикански земји и љубоморно избегнуваат секаков контакт со надворешни лица.