(ФОТО/ВИДЕО) US-експерти ги посочија десетте најстрашни руски оружја, највеќе страв од подморници…

од desk3
103 прегледи

Најопасните руски оружја , американски воени специјалисти, ги рангираат според степенот на закана за безбедноста на САД. На прво место е техника од нуклеарниот арсенал на Русија, но на листата се некои страшни подморници, проектили и ракетни комплекси.
На седмото место се подморниците од класата “Амур”.

1471716858-1

Тие имаат конструкција што ја намалува бучавата и тоа ги прави тешки за откривање. Имаат 4 торпедни и 10 ракетни простори. Претставуваат голема опасност за воената флота според анализата на САД.

Следува повеќенаменски борбен СУ-35.

1471716858-6

Тој има единствено маневрирање, може да се издига на голема надморска височина и е со голема борбена носивост. Експертите ја одредуваат комбинацијата од брзина, моќ и маневрирање, како опасна.

Стратешки ракетен комплекс “Топол – М” е на петтото место.

1471716859-5

Тој претставува подвижен ракетен систем со дострел 11 000 км и заштита од електромагнетни импулси кај нуклеарни експлозии. Ракетата е тешка за следење од ПРО – противракетен штит.

Стратешки ракетен комплекс РС-24 “Јaрс”.

Jарс е интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво за мобилно базирање и е со поделена боева глава. Опсегот е околу 10 000 км. и користи нов тип гориво.

На трето место се подморниците од класата “Јасен”.

1471716858-3

Тие се повеќенаменски атомски подморници од четвртата генерација, вооружени со против-бродски ракети. Располага со 10 торпедни и 8 ракетни простори. Се потопуваат до 600 метри и издржува до 100 деноноќија под вода.

Следува балистичка ракета Р-30 “Булава – 30”.

https://youtu.be/DjJM5IbpxHw

Со Булава се вооружени и подморниците “Бореј”. Интерконтинентални балистички проектили може да поразуваат цели на 11 000 км, што има 11 нуклеарни боеви глави.

На прво место меѓу најопасните за САД руски оружја се имено
атомски подморници “Бореј”.

1471716860-7

Тие имаат на вооружување 16 балистички ракети и се основата на рускиот потенцијал при нуклеарното одвраќање.