770
Американски и грчки воени авиони денеска го надлетаа Скопје со што го поздравија влезот на Северна Македонија во НАТО како 30 членка на Алијансата.
-Уште едно добредојде за Северна Македонија во НАТО. Воздухоплови од американското и грчкото воздухопловство прелетаа над главниот град. Комплексна операција координирана од нашите експерти и авторитети, напишаа на Фејсбук од министерството за одбарана.
Фото: Борче Поповски