Британската актерка Софи Тарнер и американскиот пејач Џо Џонас повторно се венчаа пред семејството и пријателите.
Свадбената церемонија, која беше втора за нив, се одржа на 29 јуни во Париз, во стариот замок Шато де Туро во Сари , а на неа дојдоа Пријанка Чопра, Ешли Греам и се разбира другарката на невестата и колешка од серијата “Игра на престоли” Мејси Вилијамс.
За церемонијата, Софи избра фустан Луј Витон со широко здолниште, долг корсет и превез. Џо Џонас носеше црн смокинг и црна кошула. Неговите браќа Кевин, Ник и Френки, кои беа сведоци, исто така беа во црни смокинзи, но со бели кошули.
Изворот им кажал на Пипл дека парот сакал да направи традиционална свадбена церемонија во Европа, но била “обврзана да се венча во САД за да сé биде законски”.
The Jonas Family posing for photos at @JoeJonas and @SophieT’s wedding in Paris, France today. (6.29) pic.twitter.com/dVgb9JDGGv
— Jonas Media (@JonasBrosMedia) June 29, 2019
Гласини за нивната романса се појавија во ноември 2016 година, кога Софи и Џо беа забележани како се бакнуваат за време на концертот на Кингс оф Леон.
По неколку месеци извор близок до нив, тие ја потврдија информацијата дека биле заедно, а во јануари 2017 година актерката објави на социјалните мрежи и фотографија со нејзиниот сакан.