“Јас имам 31 година, фала му на Бога!” Тоа е она што Адел го напишала во Instagram и прикачила фотографии од нејзиниот роденден. Пејачката го одбележа соодветно со гламурозна забава во стилот на Гетсби.
Ѕвездата истакна дека минатата година била тешка за неа, но таа успеала да се справи со работите што ѝ ги донел животот.
“Без разлика колку долго сме тука, животот понекогаш е многу комплициран. Во текот на изминатите неколку години драматично се променив и продолжив да се менувам. И тоа е убаво “, вели таа.
Адел објаснува дека се надева оти 2019 година ќе биде успешна година за неа. “За прв пат во една деценија се чувствувам така, сакам да го почувствувам светот околу мене, да направам нешто за себе. Бидете убави кон себе. Ние сме само луѓе. Не брзајте, оставете го телефонот, смејте се силно, уживајте во секоја прилика што ја имате пред вас. Сето тоа е за учење за вистински да се сакаш себеси. Горе глава, нели? “, завршува нејзиниот пост.
Според информациите на Мирор, пејачката прославила на луксузен имот во Беверли Хилс, трошејќи 100 милиони фунти за изнајмување.
Леонардо Ди Каприо беше меѓу гостите на забавата. Актерот сподели неколку негови слики на социјалните мрежи и истакна дека е неверојатно.
Неодамна, пејачката објави дека се разделила со нејзиниот сопруг Симон Конеки. Многу од нејзините обожаватели очекуваат темата на нејзиниот развод да биде обработена на нејзиниот нов албум.

Извор: Instagram
