
Тројца Мексиканци се убиени и обезглавени деновиве, а нивните остатоци се исфрлени на улица. На нивните глави се поставени традиционалните мексикански шапки сомбреро. Ова се случи во пресрет на славењето на независноста на земјата, пишува Daily Mail.
Остатоците на браќата Хуан Салвадор Пети Лион (на 17 години) и Хорхе Луис (на 31 години) беа откриени на една од главните улици во градот Ксалапа, до телото на Денис Јазарет Моралес Хуарез (на 28 години), пријателка на едниот од мажите.
Роднините иинформираа за исчезнувањето на тројцата на 12 септември. Нивните тела беа откриени следниот ден, само три дена пред уличните прослави за борбата за независност со Шпанија.
Во моментов од полицијата не укажуваат зошто тројцата биле убиени, но начинот на кој телата биле оставени на улица, зборува за тоа дека станува збор за расчистување на сметки на наркокартел. Телата биле пронајдени завиткани во пластични кеси ѓубре завиткани во лента.
Две метли беа оставени на нив. На секое од телата беше поставена сомбреро со главата на жртвата, која претходно била отсечена. Локалните луѓ велат дека браќата се од семејство кое има долга криминална историја. “Нивниот татко Хорхе Патино бил киднапер и убиецот. Сега е во затвор “, рече еден од нив.