
Ураганот “Ирма” продолжува да уништува се пред себе и тој е од највисок ранг – петти степен. Притоа, со брзина на ветрови до 290 км/ч последиците се големи. Стихијата се приближува покрај Хаити и островите Туркс и Каикос, а претходно ги опустоши Карибите, каде има најмалку 14 жртви.
Феноменот е толку моќен така што ако се спореди дека еден просечен силен ураган ослободува енергија за околку 500.000 мали атомски бомби, тогаш овој ураган има многу поголема уништувачка сила. Најмногу безопасен ураган од прв степен има брзина на ветерт од 153 км / ч. Тоа може да предизвика помали оштетувања на домовите и дрвјата. Но, колку се посилни налетите, толку се посериозни урнатините.
При највисокиот – петти степен, брзината на ветерот е над 250 км / ч. Ова често значи уништени домови, скршени покриви и паднати ѕидови, откорнати дрвја и недостаток на електрична енергија за неколку недели. Затоа сите се загрижени од ураганот “Ирма”.
Екстремниот метеоролог Рид Тимер сподели уникатна графичка слика за силата на ураган. Таа на црно-бело го покажува феномен и времето за време на во ураганите. Станува збор за ситуацијата во која ветерот паѓа, па дури и сонцето се вжештува.
Токму таквата ситуација е забележана од метео станицата на островот Барбуда (дел од Антигва и Барбуда, каде стана јасно дека по преминувањето на бурата, практично се е непогодно за живеење), За само 6 минути ветрот падна од 173 км / ч до тивок! Притисокот падна на 925 hPa.
