Кајли Џенер очигледно ги воодушеви своите 184 милиони следбеници на Инстаграм со жешки фотографии од нејзиниот летен одмор.
Најмладиот член на семејството Кардашијан-Џенер, богаташката Кајли, во моментов ужива во луксузно одморалиште во Јута.
Кајли е на годишен одмор со пријателите, а сподели снимки во костим за капење, кој собраа милиони лајкови со неверојатна брзина.
За само четиринаесет часа, колку што е на Инстаграм, една фотографија на Кајли во портокалово бикини доби скоро девет милиони лајкови и илјадници, претежно позитивни, коментари.
Патем, на Кајли неодамна и беше одземене титулата најмлад милијардер од магазинот „Форбс“, бидејќи, како што тврдат, таа фалсификувала документи за да го докаже тоа.
Сепак, тоа не го побива фактот дека Кајли Џенер, со своите 184 милиони следбеници, е една од најплатените ѕвезди на Инстаграм во светот.
Имено, по објава таа заработува и до 986 илјади долари.