Фотографија на смог над Кина од сателит

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Сликата на Visible Infrared Imaging Radiometer Suite (VIIRS) од сателит Suomi NPP го покажува смогот над северо источна Кина на 6 декември 2016 година. Фотографијата е направени од земјата и исто покажаа исклучително ниска видливост (на помалку од 200 метри).

На 5 декември, медиумите објавија дека смогот покрива над 60 кинески градови.

Во многу делови на источна Кина, властите прогласија портокалова тревога за загаден воздух на 4 декември 2016 година, кога густ смог покри големи делови на земјата. Маглата ги блокира летовите на аеродромите во северниот дел на земјата и го отежна урбаниот живот во Пекинг, кој беше со портокалова тревога уште на 1 декември.

Портокаловиот код предупредува за тешко загадување со фини честички на прав PM2.5 над 150 микрограми на кубен метар во воздух во текот на три последователни дена. Таква висока концентрација на фини честички во воздухот може да предизвика белодробни и срцеви проблеми и астма кај ранливите категории, кај деца и возрасни луѓе.

Ниските температури во зима го влошуваат загадувањето на воздухот поради температурните инверзии. Топлиот воздух застанува на врвот над поладниот густ, смог и така делува како капак. Високите концентрации на смог често се појавуваат во градови како Пекинг во текот на зимата.