Еден од највлијателните фотографи во денешницата е Ирецот, Ричард Мос. Познат по активизмот и спојот меѓу уметноста и новинарското документирање, неговите дела се мост на естетското и чувството на одговорност. Тој низ објективот ја следи мигрантската криза, војната во Источно Конго, како и многу други важни настани кои ја обликуваат политичката глобална сцена.

Тој е добитник на голем број престижни награди, а ја претставуваше Ирска на Венециско биенале во 2014-та година.