477
Актерката Деми Мур (60) блесна на модната недела во Париз, за време на која присуствуваше на ревијата на Сен Лоран.
Деми на ревијата дојде во црн фустан од проѕирен материјал, во кој ја истакна својата витка линија. Таа носеше црни шорцеви под фустанот и имаше дополнителен слој одозгора за да ги покрие градите. Меѓутоа, таа доживеа мала несреќа додека позираше.
Актерката сакаше да си ја среди косата, а од под дополнителниот слој и „ѕирнаа“ градите. Мала несреќа не ја спречи да позира, а судејќи по останатите фотографии одлично се забавувала.
На ревијата се дружеше со манекенката Кејт Мос, која исто така дојде во црна модна комбинација.