50-годишен е мажот, кој се саморазнесе во слаткарница “Петковиќ” во центарот на Белград. Првично мажот влегол во слаткарница и ги избркал одвнатре луѓето, а им рекол: “Ќе експлодира бомба, излегувајте”, раскажуваат очевидци. Потоа легнал врз неа и бомбата експлодирала, пренесува српскиот “Блиц”.
Како што соопштивме познатата слаткарница во Белград е сопственост на поранешен министер за култура и советник на премиерот за култура и претседател на Музејот на науката и технологијата Братислав Петковиќ. Самиот тој живее во зградата и пристигна на местото на инцидентот.

Нема други повредени од експлозијата. Улицата е затворена за движење, има многу полиција, која истражува на местото. Пристигна и шефот на белградската полиција, како и тим од судски медицинари.
Во непосредна близина на местото каде што избувна експлозијата, има гимназија, која била полна со ученици, како и банка, две пекари, неколку локали за брза храна, месарници, аптеки и пазар.

