Франција ќе ја повика ЕУ да одговори на најновите најавени царини на Трамп

од Nikola Popovski
27 прегледи

Франција ќе ја повика Европската унија да одговори на најновите царини објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Тој за телевизијата „TF1“ изјави дека Франција и нејзините европски партнери не треба да се колебаат да ги бранат своите интереси пред заканите од американските царини.

Трамп синоќа изјави дека планира денеска да објави царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Слични содржини