Судот во Версај во четвртокот одлучи да му го продолжи притворот на полицаецот кој на 27 јуни при сообраќајна контрола во Нантер пукаше и го уби седумнаесетгодишниот Наел, кој се обидел да побегне.
Тој изјавил дека никогаш не ги изговорил зборовите „ќе добиеш куршум во глава“.
„Парижен“ дошол до таа информација гледајќи го официјалното соопштение на полицискиот службеник.
Можноста дека можеби рекол нешто такво се појавила по не толку јасно видео снимено на местото на несреќата.
Убиството на Наел предизвика серија населни протести во Франција.