На овогодинешниот филмски фестивал во Кан, режисерот Тран Ан Хунг ја освои Златната палма за филмот „La passion de Dodin Bouffant“, а неговата главна ѕвезда, 59-годишната Жулиет Бинош, сега одлучи да ја претстави пред италијанската публика.
Во рамките на 18. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Рим, познатата Французинка привлече посебно внимание на црвениот тепих.

Жулиет Бинош
Позната по изборот на креации со моден пресврт, таа и овој пат не разочара. На нејзиниот свечен стајлинг во Рим доминираше смарагдно зелениот фустан со сатенски сјај, кој изгледаше како комбинација од кратко сако и долго здолниште со висок струк.
Нејзиниот горен дел се состоеше од копчиња и џебови, со ефективна бела јака украсена со зелени камчиња.
Како што беше откриено, станува збор за креација која италијанската „Прада“ ја создаде само за 59-годишната француска дива, а нејзината смарагдно зелена боја беше нагласена со пар сандали на платформа.
Едноставната фризура во репче, како и целиот изглед, Бинош го разубави со мноштво обетки со сребрен сјај.